Што треба да знаеме за новите правила за влез во ЕУ? Визите ќе се плаќаат и на граница ќе има повеќе проверки од претходно

Од ноември оваа година и мај следната година, Европската Унија и Шенген зоната ќе воведат нови правила за влез, кои особено ќе ги погодат земјите од Западен Балкан, вклучително и Македонија. Овие правила ќе значат нов вид виза и ќе бараат одговори на многу прашања, како и плаќање на одредена сума.

„Добар ден. Вашите пасоши, ве молам. Мора да земеме отпечатоци од најмалку четири прсти и да ве фотографираме. Ви благодариме и имајте убав престој.“

Вака од 10 ноември ќе изгледа влезот во ЕУ, Швајцарија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн за граѓаните од околу 60 земји, вклучително и земјите од Западен Балкан. Тогаш ќе почне да функционира новиот систем за влез и излез (EES), воспоставен во ноември 2017 година, но кој неколкупати беше одложуван.

Летото следната година ќе се имплементира вториот систем – ETIAS. Патниците од земјите со безвизен режим ќе треба да аплицираат онлајн за дозвола за влез, и да платат такса од седум евра.

Пасошите во сите земји од Западен Балкан се биометриски и ги задоволуваат условите на ЕУ за безвизен режим. Остануваат општите услови – патната исправа да не истекува за помалку од три месеци од планираното враќање и да не е постара од десет години.

 

Кои се новите промени до средината на 2025 година?

ETIAS ќе бара од граѓаните од околу 60 земји да пополнат формулар преку интернет или мобилна апликација пред патување. При првото пополнување, се внесуваат лични податоци, електронска пошта, телефонски број, и детали од патната исправа, образование, вработување, и планираното патување.

Ќе се бараат и детали за кривични пресуди, претходни патувања во воени зони, и дали лицето е протерано од некоја земја. Патниците ќе треба да платат дополнителна такса од седум евра, освен лицата под 18 и над 70 години, сопружниците/партнерите и децата на граѓани на ЕУ и Шенген зоната. „Групна“ апликација нема да биде возможна, секој член од семејството мора да аплицира посебно.

Колку време е потребно за обработка на барањето?

Обработката треба да трае „неколку минути“. Ако трае подолго, известувањето треба да пристигне во рок од четири дена. Понекогаш може да бидат потребни дополнителни документи, како резервација на хотел или потврда за вработување, кои треба да се достават во рок од десет дена, а барањето се обработува во рок од две недели. Можно е и интервју во амбасада, а обработката трае до 30 дена. Препорачливо е формуларот да се пополни најмалку еден месец пред купување на билети или резервација на сместување.

Што ако лицето нема интернет, банкарска картичка или е неписмено?

Родителите можат да аплицираат за своите деца, или лицето може да овласти трето лице, како туристичка агенција, за пополнување на формуларот. Посредниците може да наплатат „разумна такса“, а ЕУ предвидела опции за анонимно пријавување на прекумерни провизии.

Што ако треба да одите на погреб, да посетите родител кој е граѓанин на ЕУ и слично?

ЕТИАС не е потребен за оние со валидна студентска, работна виза или дозвола за престој. Лицата кои живеат покрај границата и имаат гранични пропусници, како и членови на екипажи на бродови и авиони, можат да бидат ослободени, но треба да проверат пред патувањето. Исклучоци се прават и за итни случаи, како лекување или погреб.

Што ако ЕУ ви одбие дозвола?

На лицата без овластување од ЕТИАС ќе им биде одбиен влез на граница. Сепак, добивањето на ЕТИАС не гарантира автоматски влез во ЕУ, бидејќи граничните службеници може да одбијат влез ако не се исполнети условите. Ако барањето за овластување биде одбиено, лицето ќе добие е-пошта со причините за одбивање и можноста за жалба.

Дали тоа ќе создаде поголем метеж на границите?

Со новиот EES систем останува скенирањето на патните исправи, но земањето отпечатоци и сликањето ќе го продолжи времето на чекање. Земјите-членки ги изменија законите за да го намалат метежот на копнените премини, и на аеродромите проверките ќе се прават по слетувањето.

Зошто е воведен системот?

Новиот EES систем е воведен за подобра поврзаност на базите на ЕУ, олеснување на следењето на престојот и спречување на прекумерно останување. Целта е и да се спречи влез на криминалци и терористи со лажни документи, бидејќи секој влез ќе вклучува биометриска контрола. Слични системи веќе се користат во САД, Канада и Австралија.

  • Bajram rusiti напиша:

    A troskove stose pravu to niko nepita i jos gore ce biti guzve mismo krivi ocemo evropu eto evropa tera nazad a vamo trazi narod sve sa lazima

  • Ludak MK напиша:

    Ebati evropa skapana puna so migranti pa ssa ke sobirat pari od budali da gi nahranat. Narode svesti se imame planini more livadi biser balkanski Makedonija !!! A da mu se pluknam ja na tudja zemja koj ne odel neznae koj odel bolen vratil se

  • jkuoumcztu напиша:

    Muchas gracias. ?Como puedo iniciar sesion?

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *