Штом и Никола Тесла знаел вака да забушава на училиште, има надеж за сите

На познатиот научник Никола Тесла одлично му одело на училиште, се` додека не стигнал до трета година во гимназија. Тесла во своите средношколски денови добил единица по предметот математика, но пред да помислите дека и вие сте гениј, треба да знаете дека единицата не ја добил затоа што не го совладал материјалот, туку затоа што цели два месеци не посетувал настава, познато нели?

Во своето видео, Тоби, која има „Јутуб“ канал на кој што зборува за физика, математика и астрономија, ни сподели документи кои ги откриваат оценките на Никола Тесла.

Во документите се вели дека Никола Тесла имал единица по математика во првото полугодие од трета година, но тоа било како резултат на неговото двомесечно отсуство поради болест.

Матурскиот испит го положил со одлични оценки по математика, историја, географија и германски јазик.

 

Никола Тесла учел во гимназијата „Карловац“ од 1870 до 1873 година.

Повеќето од нас имале единици по математика, но за жал мал дел (да не кажам 0%) од нас се генијалци како Тесла кој имал патентирано над 300 изуми.

Видеото на англиски јазик може да го погледнете подолу.