Стопените глечери открија нов остров во близина на брегот на Антарктикот

Топењето на мразот на Антарктикот откри досега непознат остров веднаш до брегот, кој истражувачите го крстиле „Сиф“.

Новиот остров, кој долго време бил закопан под мразот но сега за прв пат е видлив над морското ниво, за прв пат го забележаа научниците од истражувачкиот проект за глечерот Тваитерс.

Истражувачите го откриле островот минатата недела, на 26 февруари, додека пловеле покрај брегот со тоа што земјината маса е со должина од само околу 350 метри. Островот Сиф сè уште е претежно покриен со мраз, но има посебен слој на кафеави карпи на неговата површина со што се издвојува од околните глечери и санти мраз.

Откако кратко го посетија островот, истражувачите беа во можност да потврдат дека островот е направен од вулкански гранит, па дури е и дом на неколку фоки. Според членот на експедицијата, Џим Маршалек, ниту едно друго карпесто копно не е видливо во околина од 65км.

Сега кога се појави островот Сиф, научниците се надеваат дека ќе спроведат дополнителни студии за да разберат повеќе за тоа како земјата под мразот на Антарктикот може да одговори на климатските промени. Колку и да е возбудливо откритието, ненадејната појава на островот е речиси сигурно директен ефект на распространетото глацијално топење кое стана типично во последната деценија.