Стотици непознати геоглифи откриени на платото Наска. Какво е нивното значење?
Во перуанската пустина, на мистериозното плато Наска, со векови се кријат антички геоглифи создадени од локалните жители пред стотици години. Тие се огромни слики и симболи кои можат да се ценат само од птичја перспектива. Од нивното прво откритие во 1940-тите, археолозите открија околу 430 геоглифи, но неодамна научниците открија уште стотици нови слики.
Предводен од археологот и антрополог Масато Сакаи од Универзитетот Јамагата во Јапонија, тим од научници со помош на дронови и вештачка интелигенција откри 303 нови геоглифи. Ова откритие речиси го удвои познатиот број на овие мистериозни симболи и даде нови индиции за нивната намена. Студијата е објавена во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences (PNAS).
„Причината зошто целта на создавањето геоглифи остана непозната толку долго е поради недостатокот на информации за нивната дистрибуција и типови“, објаснува Сакаи.
Преку теренско истражување и употреба на технологии за далечинско набљудување, истражувачите можеа да ја анализираат дистрибуцијата на хиероглифи и да го откријат нивното значење.
Според научниците, овие геоглифи биле дел од аџилак во Кахуачи, церемонијалниот центар на културата Наска. Високите ридови даваат неверојатен поглед на некои од овие симболи, истакнувајќи ја нивната важност во религиозните практики на старите жители на регионот.
Сепак, откривањето геоглифи не беше лесно. Овие симболи биле врежани на платото помеѓу 500 п.н.е. и 500 година од нашата ера, а со текот на времето многу од нив станале помалку видливи поради временските влијанија. Покрај тоа, огромната област на Наска Пампа, која опфаќа 400 квадратни километри, ги отежнува традиционалните методи на археолошки истражувања.
Сакаи користи далечински сензор за да ја проучува Наска Пампа од 2004 година. Претходно, тој откри 318 од 430 познати геоглифи. Сепак, тој верувал дека вештачката интелигенција ќе може да ги идентификува скриените ликови кои биле пропуштени од претходните набљудувања. Во соработка со истражувачкиот центар IBM Thomas J. Watson, беше развиен алгоритам за анализа на снимките од беспилотни летала.
Од 303 нови хиероглифи, повеќе од половина беа предложени од вештачката интелигенција, што го истакнува нејзиниот потенцијал во археолошките истражувања. Овие наоди спаѓаат во категоријата на релјефни геоглифи, кои се помали и потешко се идентификуваат од поголемите линеарни геоглифи.
Научниците се надеваат дека ќе ги дешифрираат информациите содржани во овие симболи и ќе откријат уште повеќе тајни на древната цивилизација на Андите.
Ќе ги откриевме и порано да имавме авион!!!
Ние не знаеме точно што се случи со цели цивилизации во историјата, а не со 1,268 досега откриени геоглифи!
Коментирај анонимно