Стотици полициски снајперисти продолжуваат со очајнички лов по „Ѕверката од Берлин“ – лавицата која се шета по улиците на градот: Темнина паѓа врз преплашениот германски главен град, а на јавноста ѝ е кажано да остане дома

Над 220 германски полицајци вооружени со пиштоли и очила за ноќно гледање, ги пребаруваат улиците на Берлин, откако ловот на побегната лавица продолжи и во текот на ноќта.

 

На жителите кои живеат во јужните области на градот –  Клајнмахнов, Телтов и Стансдорф – им е кажано да останат во своите домови цел ден и да ги држат затворени прозорците и вратите.

 

Полицијата, која верува дека животното е избегано домашно милениче, била известена околу полноќ од членовите на јавноста кои снимиле како дива свиња и лав се бркаат.
„Дури и искусните полицајци мораа да заклучат дека најверојатно станува збор за лавица“, изјави портпаролот на полицијата за локалната телевизија РББ.

Градоначалникот на Клајнмахнов, Мајкл Груберт, рече дека сигурно не е време сега да се трча низ шумата.
Портпаролот на полицијата беше принуден да признае: „Не знаеме од каде доаѓа“.
Бидејќи ниту една зоолошка или циркус не пријавила исчезната лавица, полицијата верува дека таа мора да е избегано милениче.

И покрај масовната операција во која беа вклучени над 100 полицајци, како и беспилотни летала, хеликоптери и камери за термичка снимка, сè уште нема трага од животното до овој момент.

Се верува дека суштеството не отишло далеку од областа Клајнмахнов каде што за прв пат е видено, рече Груберт.
Во потрагата учествувале и ловци и ветеринари, како и полицајци од соседните берлински полициски сили.

Во 17 часот, полицијата во Бранденбург објави ажурирање дека потрагата ќе продолжи во текот на ноќта доколку е потребно и секако наредните денови.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *