Стотици туристи бегаат за да ги спасат своите животи од островот Родос, додека пак 30.000 се евакуирани викендов: Туристите велат дека туристичките агенции воопшто не се грижат – а летовите што носат луѓе во областа ќе продолжат да работат!
Туристичките агенции беа критикувани од страна на туристи на Родос, бидејќи островот е затворен веќе петти ден поради шумските пожари, при што илјадници луѓе се евакуирани од плажите, но тие што треба допрво да доаѓаат не се известени.

Очајните туристи опишуваат дека се чувствуваат „напуштено“ додека споделуваат ужасни приказни како биле принудени да пешачат со километри до безбедно место и се потпираат на помош од преоптоварените локални власти.

Британците во паника велат дека се оставени сами да се снаоѓаат откако избегале од нивниот запален хотел кој бил „како воена зона“.
Властите на грчкиот остров денеска евакуираа на безбедно 30.000 луѓе загрозени од шумски пожари – вклучително и 2.000 кои мораа да побегнат со мали чамци и траекти.
Јоргос Хаџимаркос, регионален гувернер на Јужното Егејско Море, за телевизијата Скаи изјави дека операцијата, која сè уште е во тек, била отежната од пожарите кои прекинале дел од пристапот на патиштата.

Џенет Мекдоналд, туристка, изјави: „Мојата ќерка и внука беа евакуирани од хотелот Принцес Сан Котари утринава. Им било кажано да пешачат 50 минути, а потоа биле оставени на плажа без ништо, без храна и вода и биле оставени таму.


Ајлин Лотон, нејзината ќерка Хана Гормли и осумгодишната внука Анабел исто така престојувале во хотелот „Принцес Сан“ кога се запалил.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно