Стотици загинати и илјадници ранети во најголемата индустриска катастрофа која останува мистерија

Кога зборуваме за големи индустриски катастрофи веднаш ни текнува на неодамнешната катастрофа во Бејрут, каде што 2750 тони амониум нитрат станаа причина за тотално уништување на околната инфраструктура, како и голем број на човечки жртви. Но, ова не е првата индустриска катастрофа.

Катастрофата во Тексас Сити во 1947 година беше индустриска несреќа што се случи на 16 април 1947 година во пристаништето Тексас Сити, Тексас, во заливот Галвестон. Тоа беше најсмртоносната индустриска несреќа во историјата на Соединетите држави и една од најголемите ненуклеарни експлозии во историјата.

Пожар во утринските часови започнал на бродот, регистриран во Франција, СС Грандкамп (закотвен на пристаништето). Пожарот го активирал неговиот товар, кој што бил околу 2.300 тони амониум нитрат. Ова започнало верижна реакција на пожари и експлозии во други бродови и блиските објекти за складирање нафта.

Огнот привлекол гледачи долж крајбрежјето, кои верувале дека се на безбедно растојание. На крајот, притисокот на пареата во внатрешноста на бродот ги отворил отворите и излегол жолто-портокалов чад. Оваа боја е типична за испарувања на азот диоксид. Невообичаената боја на чадот привлекла повеќе гледачи.

Огромната експлозија произвела бран од 4,5 метри, кој можел да се забележи на скоро 160 километри од крајбрежјето на Тексас. Експлозијата израмнила речиси 1.000 згради на копно. Експлозијата на Грандкамп ја уништила фабриката на Хемиската компанија Монсанто и резултирала со запалени рафинерии и хемиски резервоари на крајбрежјето. Исто така страдале и два авиони кои го надлетувале подрачјето.

Експлозијата го разнела и 5.760 метрички тони челичниот брод во воздух и тоа некои делови со суперсонична брзина. Првата експлозија запалила амониум нитрат во блискиот товарен брод High Flyer, кој исто експлодирал.

Официјалните проценки на жртвите достигнале вкупно 567 лица, вклучувајќи ги и сите членови на екипажот кои останале на Гранд Камп. Сите, освен еден припадник на волонтерската служба за противпожарна служба во Тексас Сити, биле убиени во почетната експлозија на пристаништата додека се бореле со пожарот на бродот.

Од загинатите, 405 биле идентификувани и 63 никогаш не биле идентификувани. Последните остатоци биле поставени на меморијалните гробишта во северниот дел на Тексас Сити во близина на езерото Мозес. Дополнителни 113 лица биле класифицирани како исчезнати, бидејќи никогаш не биле пронајдени делови што може да се препознаат.

Постојат некои шпекулации дека имало стотици други убиени, но не се внесени во бројката, вклучително и морнари кои биле во посета, работници кои не биле пријавени т и нивните семејства и неевидентиран број патници. Повеќе од 5.000 луѓе биле повредени.

Никогаш не е утврдена причината за првичниот пожар на бродот Гранд Камп. Можеби бил започнат од цигара фрлена претходниот ден, што значи дека товарот на бродот тлеел цела ноќ кога огнот бил откриен утрото на денот на експлозијата. Но, сепак ова е само претпоставка и ова е една од најтрагичните мистерии во светот.