„Страдам од проблеми со неплодност и сум во шок откако дознав дека мојот сопруг ја забременил мојата идентична сестра близначка за да МЕ ИЗНЕНАДИ“

Во животот ќе слушнеме многу работи, посебно во оваа доба на Интернет и технологија е лесно да се слушнат секакви приказни за животите на луѓето. Некои дури се и неверојатни што се запрашуваме дали се вистина. Па така, Бела Блејк, која е позната по своите приказни за семејни проблеми кои ѝ ги испраќаат луѓето, а таа ги чита и тие остануваат анонимни, нѐ остави во неверување.

 

 

Жената и нејзиниот сопруг се бореле со неплодност шест ипол години. На крајот нејзината сестра близначка се одлучила да им „го реши“ проблемот што довело до бизарниот резултат таа да забремени и да ѝ го подари бебето на нејзината неплодна близначка.

„Јас имам проблеми со плодноста, таа не. Без да ми кажат, сестра ми и мојот сопруг решија да спијат заедно за таа да забремени и да ме изненадат дека ќе „имаме“ бебе. Сестра ми сака да го роди ова бебе и да го одгледам нејзиното бебе како мое откако таа спиеше со мојот сопруг. Тој вели дека е добро затоа што е како сурогат мајчинство и тоа е истото – и дека, генетски, тоа е моето бебе. Сестра ми вели дека не е голема работа, дека е среќна што го прави тоа за мене“.

„Ова не е исто што и сурогат мајчинство. Ова не е исто како мојата јајце клетка да влезе во неа и да прави третман за плодност. Таа спиеше со мојот сопруг! Ова е начин да се изврти неверството како добронамерен чин! Каде го има ова?!“

Таа продолжи да раскажува како сопругот се навредил дека жена му спиењето со нејзината сестра го сметала за изневерување, бидејќи и двете во основа се генетски исти. Многу гледачи беа во неверување и изразија солидарност за жената која била изневерена од нејзините најблиски, а тие се прават дека воопшто не е така.

 

 

Во ажурирањето на ситуацијата, како што анонимната жена ѝ ја пренела на Бела, таа рече дека „завршила со развод од сопругот затоа што никој не сака маж што ги изневерува“.

Тогаш и сестрата близначка го одбила сопругот. Но, се испоставило дека близначката никогаш не сакала свои деца и го ставила бебето на посвојување. Жената на крајот го посвоила девојчето. Денес сестрите и се гледаат само на семејни настани, но сестрата близначка не смее да биде околу детето.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *