Страв и мистерија во црквите: Побарувачката за егзорцизми расте бидејќи верниците бараат од свештениците да ги „избават од злото“

Се зголемува бројот на луѓе што контактираат со Англиканската црква, барајќи од свештениците да извршат егзорцизам и да ги „ослободат од злото“. Претставници од „службите за ослободување“ на црквата велат дека по пандемијата на Ковид-19 имаат пораст на вакви барања. Најчесто, луѓето не бараат сценарија како од Холивуд, туку духовна помош за да си го смират умот.

Страв и мистерија во црквите: Побарувачката за егзорцизми расте бидејќи верниците бараат од свештениците да ги „избават од злото“

Персоналот во хоспис од Англија пријавувал паранормални појави, вклучувајќи дух на девојче во црвен фустан

Оваа вест доаѓа откако беше објавено дека болнички персонал од Норвич пријавил духови, меѓу кои и ‘девојка во црвен фустан’, во хосписот Priscilla Bacon Lodge. Работниците таму се исплашиле откако на местото, некогаш детска болница, забележале паранормални појави.

Персоналот во хоспис од Англија пријавувал паранормални појави, вклучувајќи дух на девојче во црвен фустан

Свештеникот не извршил егзорцизам, туку благословил со свето масло

За да ги смират стравовите, болницата наводно побарала помош од црковните служби за ослободување, кои извршиле верска служба и благословиле со свето масло. Иако овие служби често ги нарекуваат егзорцизми, нивната задача била да благословат простории или луѓе и да ги ослободат од злонамерни духови, а не да изведуваат сцени како од филмовите.

Свештеникот не извршил егзорцизам, туку благословил со свето масло

Холивудските егзорцизми се далеку од реалноста: Повеќето црковни служби се мирни, а не драматични

Д-р Ен Ричардс, национален службеник за ‘deliverance ministry’ во Англиканската црква објаснува: „Бројот на барања кои ги примаат расте. Може да се каже дека има пораст на барањата за помош. Но, тоа не е за истиот тип како од филм – туку се работи за широк спектар на ситуации.” Додава: „По Ковид видовме наплив на случаи каде луѓе, затворени дома, почнале да слушаат чудни работи, а во најголем дел причината била обична водоводна инсталација.“

Холивудските егзорцизми се далеку од реалноста: Повеќето црковни служби се мирни, а не драматични

Исплашена болница бара совет и свето масло, но егзорцист никогаш не пристигнал

Во 2023 година, капеланот на хосписот испратил имел до англиканската епархија во Норвич, барајќи совет и свето масло од Норвичкатедрала. Се работело за тежок период и потребна утеха за персоналот и пациентите кои биле загрижени дека објектот е опседнат. Епархијата потврдува дека имале разговор со дел од тимот за „ослободување“, но официјално егзорцист никогаш не ја посетил болницата.
По пријавите за духови и интервенцијата од црквата, Priscilla Bacon Lodge се пресели во нова зграда во 2023 година, а стариот објект беше затворен, иако кратко време бил искористен како терапевтски центар. Болничката управа не сакаше да коментира какви паранормални активности пријавувале персоналот и пациентите.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *