Стрес тест од професионалци: Дознајте кое е нивото на вашиот стрес во изминатиот период

Стресот стана дел од нашето секојдневие, сакале ние или не. Во зависност од ситуацијата, од чувствителноста на личноста и од многу други фактори нивото на стрес може да варира. Ние мислиме дека сите ќе се согласат дека претходната, а и оваа година беа прилично стресни за секој од нас.

Стресот е реакција на вашето тело на предизвик или побарувачка. Во кратки „рафали“, стресот може да биде позитивен, како на пример кога ви помага да избегнете опасност или да исполните одреден рок, но на „долги патеки“ може да биде многу опасен. Првин ќе ви ги посочиме физичките и емоционални симптоми на однесување при стрес, а потоа решете го тестот и дознајте колкаво е нивото на стрес во вашиот живот.

Физички симптоми на стрес вклучуваат:

  • Болка во градите или чувство како срцето да ви „игра“.
  • Исцрпеност или проблеми со спиењето.
  • Главоболки, вртоглавица или тресење.
  • Висок крвен притисок.
  • Мускулна напнатост или стегање на вилицата.
  • Проблеми со стомакот или дигестивниот систем.
  • Проблеми при интимни односи.
  • Слаб имунолошки систем.

Стресот може да доведе до емоционални и ментални симптоми како што се:

  • Анксиозност или раздразливост.
  • Депресија
  • Напади на паника.
  • Тага.

 

Започнете го тестот!