Стримерка што се прослави благодарение на нејзините големи гради, сега реши да ја промени својата кариера – услугите ќе ги нуди бесплатно!
Стримерката и ѕвезда во филмови за возрасни, Киаракити, позната како Кики на социјалните мрежи, ги изненади обожавателите со драстичната промена во нејзината кариера. Имено, таа сега ќе им нуди терапија на своите следбеници.

Претходно таа беше позната по своите контроверзни содржини, поради коишто 9 пати беше банирана од „Twitch“. Кики сега презема нова насока во кариерата нудејќи бесплатни услуги за терапија преку нејзината веб-страница. Кики ја сподели веста со своите следбеници, објаснувајќи дека иако не е сертифициран експерт, таа сама поминала двегодишна терапија и сака да им пружи поддршка на своите фанови.
На нејзината веб-страница, корисниците можат анонимно да ги достават своите мисли и чувства преку формулар со наслов „Бесплатна терапија“. Таа ги охрабрува следбениците да и ги „истурат своите проблеми“ и ветува дека ќе даде се од себе за да понуди совет.

Сепак, не сите се согласуваат со оваа идеја. Некои корисници на социјалните мрежи изразија загриженост за недостатокот на квалификации на Кики, тврдејќи дека нудењето терапија без соодветна обука може да предизвика штета. Еден корисник, истакна дека неквалификуваната терапија може да доведе до значајни проблеми. Се огласи и психолог, кој истакна дека обезбедувањето терапија на платформа за стриминг е неетичко.
Одлуката на Кики следи по низата контроверзии, вклучувајќи ги и нејзините забрани од „Твич“, па дури и исфрлањето од Јужна Кореја. И покрај реакциите, таа останува посветена на нејзиниот нов пат, надевајќи се дека ќе обезбеди помош за своите фанови.

Коментирај анонимно