Стриптизер го откри „лудиот“ тренд кога станува збор за моминските вечери: „Секоја од девојките го направи тоа“
Еден машки стриптизер сподели дека работата во индустријата му покажала дека жените се исто толку склони кон неверство како и мажите. Нат Вајлд, кој работи на бројни момински вечери низ Австралија, сведочел на такви ситуации одблиску.

Вајлд, кој претходно работел како занаетчија, откри дека на некои забави каде партнерите не се присутни, ситуациите можат да станат многу „луди“.
„На една од забавите, секоја девојка од групата изневери. Направија договор никогаш да не зборуваат за тоа“, раскажува тој.
Иако ваквите случаи не се норма, тој посочува дека на една од десет забави има некакво неверство.
„Многу девојки спијат со стриптизери и не секогаш признаваат дека изневеруваат“, додава Вајлд.
На почетокот бил изненаден од однесувањето на девојките на ваквите забави, нагласувајќи дека не се разликуваат многу од мажите на машките забави.
„Секогаш се мисли дека момците се полоши на вакви настани, но жените не се ништо поразлични. Во некои случаи, тие преземаат поголеми ризици бидејќи мислат дека нема да бидат фатени“, објаснува тој.

И покрај честите ситуации на неверство што ги сведочи, Вајлд не станал циничен кон љубовта или моногамијата.
„Ако ја најдеш вистинската личност, знаеш дека тоа нема да се случи. Мора да веруваш на партнерот“, вели тој, нагласувајќи дека секој носи свои одлуки и довербата е клучна во успешна врска.

Како кажува, не му е лесноа!
Дефинитивно има тешка работа и треба да има бенифициран стаж 12/18!!!
Коментирај анонимно