Стриптизерката падна од екстремно висока шипка, но и покрај повредите реши да остане „професионалец“ до крај

Џина Скај настапуваше во клубот за возрасни, „XTC Cabaret“ во Тексас каде ја покажа својата неверојатна сила со тоа што се искачи на шипката и прикажа низа позиции.

Таа висеше од шипка висока околу 4,5 метри и се изгледаше спектакуларно, но за жал девојката одеднаш се лизна и падна на земјата.

Иако би се очекувало секој да престане да мрда и да побара помош, Џина веднаш скокна на нозе и го продолжи настапот така што почна да тверка.

Ова не би било чудно доколку таа не била повредена, но Џина претрпела повеќе повреди. Таа скршила неколку заби и вилицата, истегнат глужд, а има закажано и операција на вилицата.

Нејзините обожаватели дури и почнале да собираат парични средства на GoFundMe, за да ги покријат нејзините медицински трошоци и да ѝ овозможат парични средства за периодот во кој нема да може да настапува поради повредите. Девојката вели дека нема потреба од тие пари, но им се заблагодарила на луѓето што донирале.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!