Строги мерки против дискотеките: ЗАТВОРЕНИ три објекти, се контролираат уште девет
Владата објави дека три дискотеки ги изгубија лиценците поради неусогласеност со техничките услови, додека се проверуваат уште девет. „Ќе следат максимални казни, а потоа ќе се префрлиме на објекти што работат без дозвола“, изјави портпаролката на владата Марија Митева.
Дискотеките – ризик за сите!
После трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, Пазарната инспекција утврди дека само 22 дискотеки низ државата имаат важечка лиценца. Кај 15 клубови дозволата е истечена, а процедурите за лиценцирање се оценети како премногу олеснати.
– Скопје: 13 објекти – само 2 со важечка дозвола, 8 со истечени, 3 без.
– Струмица, Велес, Охрид: Мешани резултати – некои со важечки, други со истечени лиценци.
– Прилеп, Гостивар: Сите проверени објекти имаат истечени дозволи.
Морални се нови правила
Според законот, клубовите не смеат да се наоѓаат во премногу населени зони, но спроведувањето е доверено на „совеста“ на сопствениците. Контролите продолжуваат, со акцент на:
– Објекти без лиценца кои претходно работеле илегално.
– Строго почитување на техничките стандарди (противпожарна заштита, капацитет).
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно