Строгиот Гордон Ремзи не можеше да ги задржи солзите по настапот на неговата ќерка

Тили Ремзи стана деветтата славна личност елиминирана од „Strictly Come Dancing“ во неделата, оставајќи го нејзиниот славен татко во солзи.

Готвачот Гордон (55) не можеше да ги задржи солзите додека неговата 20-годишна ќерка се збогуваше останатите учесници во шоуто заедно со партнерoт Никита Кузмин, откако тие постигнаа само 30 за нивната кореографија на песната  „Levitating“ од Дуа Липа и се најдоа на дното на таблата со поени.

Јутјуберката Тили се натпреваруваше против водителот Рис Стивенсон (28), кој свои 35 поени за неговиот валцер со партнерката Ненси Ксу, танцувајќи на песната „You Light Up My Life“ од Витни Хјустон.

Двата пари ги импресионираа судиите, но на крај Тили и Никита го напуштија поуто.

Строгиот готвач Гордон Ремзи не можеше да ги задржи солзите за време на натпреварот, иако партнерот на неговата ќерка танцуваше полугол, можеме само да замислиме каков разговор имал тој со Тили на пат накај дома.