Студент патувал со велосипед 48 дена за да се врати кај семејството, откако сите летови биле откажани

Откажувањата на летовите оставија илјадници луѓе низ целиот свет целосно заглавени, но еден меѓународен студент не дозволи тоа да го спречи да си оди дома. Во екот на тековната здравствена криза, летовите запреа, што го остави 20-годишниот студент Клеон Пападимитриу заглавен во Шкотска каде студира на Универзитетот во Абердин.

Клеон требал да се врати во Грција, но откри дека неговите три обиди за резервација на летот биле откажани. Но, наместо да се откаже тој бил решен да се врати дома и тоа со велосипед. Така тој тргнал на пат од 3.500 километри. За патувањето кое започнало на 10 мај му биле потребни 48 дена и тој на првиот ден се опремил со сардини, путер од кикиритки и леб, вреќа за спиење, шатор и опрема за неговиот велосипед.

„Само што го сфатив ова достигнување и научив многу работи за себе, за моите граници, за моите предности и слабости. И јас би рекол дека навистина се надевам дека патувањето инспирираше барем уште едно лице да излезе од нивната зона на удобност и да проба нешто ново, нешто големо.“, вели Клеон.

Неговиот татко му дал еден услов за патувањето. Да активира апликација за неговото семејство секогаш да знае каде се наоѓа. Своето патување го документираше и на Инстаграм. 20-годишниот студент поминувал од 60 до 120 километри на ден и поминал низ Германија, Австрија и Италија, пред да земе брод до грчкото пристаниште Патрас, каде потоа го возел велосипедот дома до Атина.

Тој безбедно пристигнал дома и бил пречекан од неговото семејство.