Студент си направил сопствен „Бетмобил“ и сега си го вози низ кампусот

Додека другите пешачат, возат велосипед или се возат со автомобил до колеџ, овој виетнамски студент си направил сопствен Бетмобил. За повеќето луѓе да се има Бетмобил ќе остане само сон, но студентот од Ханој најде начин како да го реализира ова.

За Нгуен Дак Чунг најважна била страста. 23-годишното момче станало опседнато со „Тумблер“ откако го гледал „Темниот витез“ со Кристофер Нолан. „Бев толку импресиониран од автомобилот и се заљубив во него првиот пат кога се појави во филмот.“, вели тој.

Тоа е полноправна реплика, со 3,6 метри должина, ширина 2,6 и висина од 1,5 метри. И покрај тоа што не доаѓа со сите исти sвона и свирки – митралези, ракетни фрлачи, мини, тој е способен да патува по прав пат со максимална брзина од 100 километри на час, со мотор од 400 кубни сантиметри со четири цилиндри.

Две лица можат комотно да се возат во Батмобил, а вратите се отвораат нагоре исто како во филмот. „Вкупно шест членови на тимот работеа на овој автомобил. Добив идеја да го конструирам овој автомобил како студент од прва година. Автомобилот има смел изглед и привлекува внимание благодарение на целосно црното тело.“, вели студентот.

Досега, Нгуен потрошил повеќе од 21.600 долари на автомобилот. Сепак, треба уште да се работи на ентериерот, осветлувањето и другите области.