Студент во зоолошката градина во Скопје (виц)

Студент во Скопје прочитал оглас за работа во зоолошката градина. Се пријавило момчето, отишло кај директорот и тој му објаснил:
– Значи, работата е едноставна. Тигарот ни умре, но ние не сакаме да ги лишеме луѓето од таа атракција. Затоа ја зачувавме кожата. Ти ја облекуваш, од 9 до 6 попаледне си лежиш во кафезот и се преправаш дека си тигар. Потоа добиваш 1000 денари на ден.
Речено – сторено.
Почнал студентот со кожата од тигар да лежи во најоддалечениот дел од кафезот. Сонцето грее, тој лежи – ужива, децата се радуваат, абе идеална работа. По некое време од нигде-никаде, во кафезот влегува лавот и тргнува право кон нашиот тигар.
Студентот си помислил:
„Е сега го е* ежот од позади!“
И само чекал да му дојде крајот.
А лавот се приближил до него и тивко му шепнал:
– Колега, имаш ли цигари, зошто на слонот му се пуши.