Студенти ќе дипломираат без долгови, затоа што еден бизнисмен одлучи да направи нешто неверојатно

Студентите насекаде сонуваат да можат да добијат диплома без да останат со еден куп долгови, особено во САД каде што високото образование е прилично скапо и студентските долгови не се нешто необично. Една Тиктокерка по име Даб ги запозна луѓето со неверојатна приказна која ѝ се случила на неа и на нејзините колеги.

На едно од нивните предавања дошол повозрасен бизнисмен за да одржи говор. Тој објаснувал со што се занимава во животот, но девојката не го слушнала добро и го замолила на повтори, тој извадил визит-картичка и банкноти од по 100 долари. Тој им ги поделил парите на присутните студенти.

@j.dubbed

#stitch with @darlaeliza still can’t believe it.

♬ original sound – J.Dubbed

Неговата великодушност не запрела тука, Даб објаснува: „Мојот професор нè натера да му напишеме благодарници, а потоа неколку недели подоцна ни даде на сите во групата стипендија од 100.000 долари. И сега ќе дипломирам без долгови, затоа што не го слушнав.“

Многу луѓе секако не поверувале во приказната на девојката, па дури и ја споредиле со епизода од позната серија, но девојката објавила фотографија со бизнисменот за да докаже дека тоа навистина се случило.