Студентите на удар! Трамп забрани студентски визи за странци и го „натера“ Харвард да поднесе тужба против владата
Администрацијата на Доналд Трамп донесе наредба сите амбасади на САД веднаш да престанат со издавање студентски визи, што претставува дел од неговата нова, поагресивна политика против високообразовните институции. Според интерна комуникација добиена од Politico, државниот секретар Марко Рубио ги известил дипломатските мисии да не закажуваат нови термини за апликанти за студентски и разменски визи додека не биде имплементирана новата постапка за безбедносна проверка преку социјалните мрежи.
Во академската 2023–2024 година, САД привлекоа рекордни 1,1 милион странски студенти, кои генерираа 43,8 милијарди долари преку школарини, сместување и трошоци за живот. Но, оваа придобивка за американската економија сега е загрозена од новите мерки.
Нападот на Трамп кон Хардвард
Трамп остро ги нападна елитните универзитети, особено Харвард, обвинувајќи ги за антисемитизам и „будна“ идеологија. Тој ја нареди депортацијата на странски студенти кои учествувале во про-палестински протести и го поништи правото на Харвард да прима странски студенти, што доведе до судска тужба од универзитетот.
Министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем побара сите 7.000 странски студенти од Харвард да бидат отстранети или префрлени на други институции. Трамп, пак, бара листа со имиња и земји на потекло на сите странски студенти и најави запирање на 3 милијарди долари федерални средства за Харвард, кои ќе се пренаменат за трговски училишта.
Харвард оцени дека ваквата одлука ќе има „непосреден и катастрофален ефект“ и дека се работи за „очигледно кршење на Првиот амандман, правото на правична постапка и административните прописи“. Судот засега го паузираше решението на администрацијата, но Трамп изјави дека „владата ќе победи“.
Оваа акција може драстично да го трансформира американскиот образовен систем и да ги наруши меѓународните односи, со последици за илјадници млади луѓе и за самите универзитети.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Ми се допаѓа одлукава на Трамп, можеби ќе остане 1 студент од Македонија и нема да отиде во Харвард!?
На другар, син му се запиша на факултет во Словенија! Првиот ден го примил деканот (не ги знам чиновите, немам завршено факултет) и го прашал: „колега где видите себе у будучности“!?
Овој уште не ни почнал факултет, а веќе му нудат работа!!!
А не како кај нас, по завршување на факс, ако не си политички ангажиран има да е начекаш работа!!!
Коментирај анонимно