Студентите од Кембриџ ја направија првата студентска забава после пандемијата и еве како изгледаше тоа

Традиционалниот „Тринити мајски бал“ оваа година задоцни, но и тоа е подобро од претходните две години, кога не се ни одржа. Мајскиот бал се одржува традиционално секоја година и со него се означува крајот на уште една учебна година. Прв пат се одржал далечната 1866 година.

Цената на билет за двајца оваа година беше 330 фунти, со што студентите имаа неограничена храна и пијалоци.