Студентка која добила казна за паркирање од 70 евра успеала да ја укине со помош на ChatGPT
Мили Хултон (22) од Јорк, го искористила ботот за да напише е-пошта до советот, кој потоа ја укина казната од 60 фунти (70 евра).
Верувајќи дека нема да може убаво да ја долови таа ситуацијата, студентката за бизнис менаџмент Мили го искористила четботот за вештачка интелигенција за да создаде професионално формулирана е-пошта за жалба против казната. Кога таа побарала од ChatGPT да ѝ помогне да напише писмо до советот, вештачката интелигенција вратила љубезен одговор што требало да го испрати Мили.


Откако успешно ја укина казната, во вистински студентски стил, Мили ги искористи своите 70 евра и излезе за да прослави.
Таа објасни: „Верувам дека не би можела да го искажам тоа како што зборуваше ChatGPT. Без него веројатно немаше да ми биде укината. Ми олесна бидејќи сум студентка. Не сакам да трошам 60 фунти ако можам да го избегнам тоа. Бев толку задоволна што можев да најдам алатка која може да помогне во преточувањето на мислите со зборови на професионален начин. Наидов на ChatGPT главно за работа додека создавам содржина за бизниси и сфатив дека можам да го користам и за други аспекти од мојот живот. Го користам за натписи на фотографии и е-пошта, како и за се друго сега. Чувствувам дека погрешно бев казнета и не сум добра во ставање мисли на хартија , па користев ChatGPT и успеа да го обжалам. Моите пријатели веќе почнаа да го користат сега за да им помогне да пишуваат писма. Само треба да го знаете вашиот проблем, да му кажете на ChatGPT и потоа сето тоа да го пренесете со зборови на професионален начин. Ако можете да го користите на вистински начин, тоа е навистина добро, иако имам слушнато некои хорор приказни. Мислам дека ако знаете како да го користите, може да даде добри одговори. Сите зборуваат за ChatGPT во моментов, но мислам дека луѓето не би знаеле да го користат во оваа смисла и да ја отповикаат казната за паркирање“.


Коментирај анонимно