Студентка си го плаќа факултетот благодарение на 5 богати љубовници, сите дедовци

За повеќето луѓе исплаќањето на студентските заеми е долг и макотрпен процес дури и по завршувањето на факултетот.

Но, тоа не е случај за една студентка, која веќе ги исплаќа своите долгови благодарение на готовина од пет различни богати дедовци.

Грејси Адамс ги користи парите од состаноците со постарите мажи за да ја плати киријата, да си купи нова облека и многу храна, откако се приклучила на страницата за запознавање на „sugar daddies“ (повозрасни мажи кои спонзорираат млади девојки) наречена Seeking Arrangements.

19-годишната од Белфаст ја користи страницата за да излегува со постари мажи, но вели дека сите нејзини „врски“ се платонски и мажите плаќаат само за да уживаат во нејзиното друштво. Студентката по психологија од прва година, ги користи добиените пари за да го исплати студентскиот долг од 35.000 евра.

Грејси вели дека најчесто оди на вечери и наплаќа по 100 евра за вечерата без храна и пијалоци. Таа вели дека мажите често бараат од неа да носи и специфична облека, со што ѝ даваат уште 100 евра најмалку, а често некои од нив решаваат да ја почестат па за една вечер добива и 200 евра.

И покрај првичната загриженост, Грејси сега има 5 редовни „муштерии“ со кои се гледа. Сепак Грејси вели дека сите нејзини врски се платонски и дека таа е отворена во врска со оваа нејзино „хоби“ кон нејзиното момче и семејство. Таа вели дека семејството иако е загрижено за нејзината безбедност сепак се модерни и отворени луѓе, а нејзиното момче секогаш е известено каде оди, со кој и што прави.