Студентка смисли одличен начин како глувите и наглуви лица да останат безбедни и со соодветна комуникација за време на пандемијата
Ешли Лоренс, која студира „Образование за глувите“ на универзитетот Источен Кентаки, забележала дека многу луѓе почнале да изработуваат сопствени маски за лице заради недостаток на медицински материјали.
Сепак, таа не можеше да смисли што би било погодно за оние кои се глуви или имаат проблем со слухот.
Земајќи ги работите во свои раце, снаодливата Ешли почнала да смислува свое решение и на крајот дошла до совршен одговор на поставениот проблем. Таа почнала да шие маски со транспарентен отвор околу устата за да можат луѓето да читаат од уста.
Ова исто така им овозможува на луѓето попрецизно да ги набудуваат изразите на лицето зад маската, што би било важен фактор за оние што комуницираат користејќи знаковен јазик. Бидејќи Ешли нема претходно искуство во шиење на маски таа побарала помош од групи кои ќе ѝ помогнат во тоа и освен во нејзината заедница маските бесплатно да ги доставува до сите на кои им се потребни.