Студентот по медицина и арогантниот професор (виц по вистинит настан)

На медицинскиот факултет, професорот се обраќа кон еден студент и го прашува:
– Колку бубрези имаме?
– Четири! – му одговара тој.
– Четири?! – зачудено извикува професорот, кој бил од оние арогантни луѓе, кои ги омаловажуваат другите и одвај чекал да најде некој студент кој ќе згреши нешто.
– Донеси малку трева, затоа што во амфитеатарот имаме магаре! – му вели професорот на асистентот.
– И кафе за мене!- дополнува студентот.
Професорот толку се вознемирува што го брка студентот од предавање.
Студентот бил познатиот новинар и хуморист Aparicio Torelly Aporelly (1895-1971), познат като “Baron de ltararé”. А на излегување, имал храброст и да му укаже на професорот за неговата дрскост, што поставува такво потценувачко прашање на студент по медицина, па му рекол:
– Ме прашавте колку бубрези имаме? Имаме четири бубрези – два мои и два ваши. „Ние“ е заменка која се користи за множина. Уживајте во својата трева.
Животот бара многу повеќе разбирање од знаењето научено од книга. Понекогаш луѓето кои имаат повеќе знаење, или веруваат дека го имаат, мислат дека имаат право да ги потценуваат и понижуваат другите.