Судбоносен лет ѝ го сменил животот за секунда: Романса како од филм
Не беше љубов на прв поглед — но некаде помеѓу прозорското седиште и преминот, малку турбуленција се претвори во вистински искри.
Кога Меган Меза од Лос Анџелес забележала „згоден“ момак како ѝ се приближува на летот кон Лондон во април 2022 година, веднаш почнала да сонува за авионска романса со непознатиот убавец.
Она што не го знаела е дека младиот Британец, Фреди Гершинсон, подоцна ќе стане нејзин вереник.
„Веднаш ми беше симпатичен. Го видов како се двоуми кај нашата редица и си помислив: ‘Нема шанси да седне до мене’,“ изјавила таа за Daily Mail.
„Кога го остави ранецот на седиштето, не можев да поверувам. Тоа е како сонот на секоја девојка — симпатичен момак да седне покрај тебе, како во романтична сцена од филм. И одеднаш, тоа навистина ми се случуваше.“
Од случаен разговор до љубов за цел живот
На почетокот, Меган била премногу срамежлива за да му се обрати, но кога Фреди ги испуштил AirPods слушалките, таа се охрабрила да му предложи да погледне во редот позади. Тоа бил почеток на разговор што траел цели шест часа — преку жената која седела меѓу нив.
„Во тој момент помислив: Ова е забавно и флерт. Имаше сто шанси да си ги стави слушалките, но продолживме да зборуваме,“ вели Меган.
Кога светлата во кабината се изгасиле, престанале да зборуваат, но Фреди бил решен да не ја остави приказната тука.
И го подал телефонот со порака во Notes апликацијата: „Имаш ли дечко?“ Таа одговорила со „Не “.
По слетувањето, размениле броеви. Фреди се вратил во Лондон со насмевка, а Меган мислела дека веројатно никогаш повеќе нема да го види. Но започнале интензивна комуникација – секојдневно се слушале, и по три месеци таа повторно заминала во Лондон.
Таму, по три дена, ги запознала неговите родители, пријатели, добила изненадување за роденден и – решиле да ја официјализираат врската.
Денес, три години подоцна, парот се подготвува за свадба. Меган ги охрабрува сите сингл луѓе да не се откажуваат. „Никогаш не знаете кога и каде ќе го запознаете ‘вистинскиот’.“
Коментирај анонимно