Супермаркет во Австралија на одличен начин ги спречува луѓето да купуваат „тони“ тоалетна хартија и би можеле да ги следиме и ние

Низ целиот свет владее паниката за купување што е можно повеќе тоалетна хартија (како да е некој натпревар). Ова доведува некои луѓе да не можат да си ги задоволат ниту основните потреби додека други имаат тоалетна хартија за до 2050 година.

Така еден сопственик на супермаркет во Сиднеј, Австралија реши да биде општествено одговорен и да им помогне на сите луѓе.

Хазем Седа сопственик на супермаркет во Сиднеј прилично се изреволтирал кога сфатил дека многу лица од ранливите категории од неговата околина не можат да дојдат до основните намирници поради алчните луѓе кои купуваат одгромни количини за складирање. За да ги одврати своите клиенти од купување на огромни количини тој смисли одличен план.

Едно пакување тоалет хартија чини 3,50 долари, но за оние кои сакаат да купат две пакувања ќе чини 99 долари. А под цените пишува: „Не бидете алчни, мислете на другите луѓе.“

Оваа пракса беше усвоена и во неколку други супермаркети низ светот најчесто за намирниците кои најмногу ги „снемува“, тоалетна хартија, антибактериски гелови и слично.