Сурфер спасен од трагедија на сред море, благодарение на неговиот „Apple Watch“: „Технологијата ми го спаси животот!“

Еве уште една предност на „Apple Watch“.

Австралиски сурфер преживеал незгода во море, откако повикал итни служби на неговиот дигитален уред.

 

 

 

„Неверојатно е што можев да ја користам таа технологија за да си го спасам животот“, изјави Рик Ширман (49) за австралиската радиодифузна станица.

Австралиецот учествувал на утринска сесија за сурфање на плажата Талоу во заливот Бајрон во саботата, кога бил фатен и однесен од брнаови.

„Почнав малку да паничам и ме фати грч под вода“.

 

 

 

Ширман дозволил струјата да го извлече поназад и потоа барал начин за да се врати назад до брегот.

И покрај тоа што го следел правилниот протокол за спасување, опколениот сурфер се нашол заглавен на половина киломеетар од плажата без видлив начин за враќање. Тој ја припиша својата неволја на фактот дека струјата одела „директно кон морето“, наместо кон север или југ.

Тогаш Ширман се сетил дека има неверојатен спас – неговиот „Apple Watch“.
Пливачот го користел гаџетот за да повика брза помош.

 

 

„Во тој момент, бев далеку од морето, ме погодуваше силен ветер и големи бранови и беше доста тешко да се користи часовникот“, се сеќава Ширман. „Морав да го држам до увото за да слушнам што се случува и да разговарам со тој од другата страна на линијата“.

Набргу потоа, тој бил спасен со хеликоптер и пренесен на безбедно.

Спасувачите тврдеа дека доколку тој не го носел својот „Apple Watch“ спасувањето би можело да потрае со денови и да вклучи повеќе агенции поради големата област за пребарување. Веројатно и ситуацијата ќе имаше и потрагичен исход.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *