Сурова исповед на една 40 годишна жена, која останала без семејство поради работата: „Го жртвував животот за мојата кариера и сега ја жалам секоја минута од тоа“

Ањани Амрит е жена чија кариера како корпоративен адвокат ја однела на врвот, но по цена на личната среќа, здравје и семејство. Нејзиниот избор да стане адвокат не произлегол од страст за правдата или правниот систем, туку од желбата да докаже дека може да успее, откако школски советник ѝ рекол дека адвокатурата не е за жени.

 

 

 

Таа ја започнала својата кариера со голема амбиција, но брзо се нашла во „стаклен затвор“. Живеела според строги општествени норми за успех, работејќи долги часови во канцеларијата и барала перфекција. Тој притисок ја вовлекол во темна фаза на животот, со постојана анксиозност, несоница и панични напади. Нејзината работа ја изолирала од пријателите, а токсичната врска што ја имала ја оставила без емотивна поддршка и без деца, нешто за кое сè уште жали.

 

 

Ањани го достигнала врвот на својата кариера, но цената била превисока. Работата ја одвоила од сопствените желби и потреби. На 40 години, сфатила дека времето за мајчинство поминало и жалила за загубената можност. Конечно, одлучила да го напушти правото и да ја заврши врската што ја исцрпувала.

 

 

По осум години борба со последиците од претходниот живот, вклучувајќи и дијагноза на пост трауматичен стрес, Ањани пронашла спас во Индија. Преселбата ѝ отворила нова перспектива и ја излекувала од траумите за само три месеци. Денес, таа живее исполнет и балансиран живот, како јавен говорник, ментор и претприемач.

 

 

Нејзината порака до жените е јасна: да го слушаат својот внатрешен глас, да следат страсти што ги инспирираат, и да не дозволуваат општеството да ги ограничи. „Летнете со својот балон и успехот ќе дојде кога ќе го следите своето срце“, вели таа.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *