Свадба од „соништата“? Торнадо за малку не уништилно венчавка, откако ги принудило гостите да се скријат во подрумот. Но, тука бил еден човек што ја спасил ситуацијата

Една венчавка во Висконсин беше за малку откажана, откако торнадо удрило во градот.

Младенците Алекс Шилке и Сара Хипке правеле свадба во одморалиштето на Женевското Езеро, откако нивната венчавка беше уништена поради невремето на 22 јуни. Двојката и нивните 181 гости на свадбата беа принудени да одат во подрумот на хотелот.

 

Во услови на пороен дожд и лути ветрови, подрумот беше соодветното место за да се скријат, но потоа таму снема и струја.

На свадбата пеел пејачот Џек Џонс кој успеал да ги смири стравовите на толпата и да создаде магична атмосфера со тоа што ја извадил гитарата за да пее за невестата и младоженецот сред невремето.

„Торнадо во Женевското езеро донесе свадбена веселба во подрумот на хотелот. Тие сè уште го немаа изиграно првиот танц, но јас ја имав мојата гитара“.

 

 

На снимката се гледаат гостите кои стојат околу Шилке и Хипке додека пеат. По 2 и пол часа во подрумот, предупредувањето за торнадо било укинато, а младенците можеле да се вратат горе и да ја продолжат својата брачна ноќ како што било планирано. Но, тие засекогаш ќе му бидат благодарни на Џонс, кој вели дека е воодушевен од реакцијата на неговото видео.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *