Швалерот го тужи мажот затоа што му ги скршил нозете (виц)

Судска парница. Судијата вели:
– Нека влезе обвинетиот!
– Господине судија, се враќам од работа и ја гледам жена ми гола во креветот, а еден тип бега под терасата, само по гаќи и маица. Затоа го грабнав фрижидерот, го фрлив по него и му ги скршив нозете.
Судијата вели:
– Нека влезе тужителот!
– Господине судија, јас секое утро си трчам по истата патека и кога наеднаш фрижидер ме удри и ми ги скрши нозете.
Судијата вели:
– Нека влезе сведокот!
– Господине судија, си седам јас во фрижидерот и чувствувам како летам…