Швеѓанката на која кучето ѝ го одгриза носот вели дека ќе го задржи миленикот затоа што сѐ било нејзина грешка

Предупредување: Оваа статија содржи графички слики кои може да бидат вознемирувачки за некои читатели.

Шведската инфлуенсерка и тренерка за кучиња, Шарлота Оскарсон, доживеала драстична повреда на новогодишната ноќ во 2022 година, кога нејзиниот миленик, кучето Принц, ѝ го одгризал носот додека таа се наведнувала да го бакне за добра ноќ.

 

Секој би разбрал доколку 35-годишната Шарлота одлучила да го даде кучето на друго место, но таа сега објаснува зошто избрала да продолжи да се грижи за него.

Објаснувајќи ја својата приказна на Инстаграм, таа напиша дека Принц бил исплашен од огнометите кои траеле цела ноќ. Кога се наведнала да го бакне, што сега го нарекува „погрешна проценка“, кучето се испаничило и ја нападнало.

 

По нападот, нејзиниот нос бил целосно одвоен од лицето, а лекарите во Шведска не можеле да го спасат. Поради ова, Шарлота била префрлена во болница во Штутгарт, Германија, за реконструктивна хирургија.

Оттогаш, таа ја споделува својата долга и болна рехабилитација со своите следбеници на Инстаграм. Неколку објави покажуваат дека нејзиното чело изгледа „подуено“, што таа објаснува дека е дел од процесот наречен „експанзија на челото“.

 

„Многу луѓе се прашуваат за ’подуеноста’ на моето чело, но тоа не е оток, туку важен дел од проектот Нос 2.0. Т.н. ’експандер’ е поставен под кожата на челото и во текот на три месеци ќе се полни со солен раствор. Целта е кожата да се рашири колку што е потребно за создавање на нов нос“. – напиша таа под една објава (преведено од шведски)

Таа додаде: „Ако видите некој со огромно чело, не грижете се – тоа е само мојот иден нос.“

 

Шарлота исто така објасни зошто одлучила да го задржи Принц, кој е од расата карелско мечкино куче, познато по тоа што се користи за лов на мечки. Таа и нејзиниот партнер направиле промени по инцидентот за да избегнат повторување на ваква ситуација.

„Многумина се прашуваат што се случи со кучето што ме касна, дали го задржавме или дали беше успиено. Краткиот одговор е дека сѐ уште е со нас,“ објасни таа.

Таа додаде дека иако би сакала тој да реагирал поинаку, не го обвинува за случката.

 

„Тој е куче, и јас не требаше да го ставам во таква ситуација. По несреќата, Принц живее поограничен живот. На пример, повеќе не спие со нас и му даваме повеќе простор кога е уморен или исплашен. Се трудиме да не го ставаме во тешки ситуации и избегнуваме блиски контакти. Ова не е единствено за Принц – има многу кучиња кои би реагирале исто во слични околности“.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *