Шверцер е фатен додека се обидувал да пренесе скоро килограм злато на најнепријатниот можен начин

На аеродромот Канур во Керала во Индија, еден човек чудно се движел и вработените веднаш го забележале. Полицијата веднаш го привела за претрес сомнителниот човек кој допатувал од Дубаи. Никој не очекувал дека шверцерот успеал во својот задник да смести скоро еден килограм злато.

Полицајците извадиле неколку грутки злато од задникот на мажот и откако било израмнето и измерено тежело цели 972 грама (не е ни чудно што се движел тешко). Златото не е нелегално, но данокот на стоки и услуги на златото во Индија е 18%, што значи дека може да биде профитабилно за нелегалните мрежи да се обидат и да го прошверцуваат.

Обидот на човекот да го скрие златото во задникот бил еден од низа обиди за криумчарење, фатени од официјални лица во Индија неодамна – всушност, имало лице на истиот лет на GoAir, за кое се покажало дека исто така шверцувало злато, сепак не во задникот.

Царинските службеници рекоа дека криењето злато во телото е ретко, иако патниците кои влегуваат во Индија се снашле на бројни начини да се обидат да го сокријат своето злато и да избегнат данок, а патниците го криеле во кутии од чоколадо, чанти, чадори и пенкала, меѓу другите предмети .