Свештеник од САД стана вистински хит откако пронајде совршен начин да прска со света вода на дистанца
Отецот Тим Пелк беше фотографиран како пронашол креативни методи за благословување на корпите за велигденска храна за време на службата во Детроит. Во она што е опишано како „драјв тру“ благослов може да се види како свештеникот со помош на пластичен пиштол на вода прска на одговорно социјално растојание.
Фотографиите биле споделени од парохијанот Лари Пеплин и им донесе насмевка на многу лица. Но, откако фотографиите се појавија на Твитер и Редит луѓето полуде по нив правејќи смешни мемиња.
„Оригиналната идеја беше да се направи нешто за децата од парохијата. Тие беа спремни да имаат Велигден различен од другите, па затоа мислев, што сè можеме да сториме што ќе ги почитува сите протоколи на социјално растојание? Ова не само што е безбедно, туку е и забавно.“, вели 70-годишниот свештеник, кој веќе 40 години е во парохијата.