Свештеник направи жесток потег за да испрати многу важна порака до медиумски магнат

71-годишен свештеник од Оксфордшир отиде во крајност во знак на протест поради замолчување на климатската наука во медиумите водени од медиумскиот магнат Руперт Мардок.

Свештеникот беше фотографиран со напис пред седиштето на корпорацијата на Мардок во Лондон на кој пишуваше: „Мардок-најуништувачкиот човек во историјата на планетата?“

На видеото можеме да погледнеме како свештеникот си ги шие усните во знак на протест.

Ова не е првпат свештеникот да отпатува во Лондон за да преземе драстични мерки во знак на протест против климатските промени.

Хјус беше затворен 14 дена во март, откако се залепи за мебелот во Судот во Лондон.

„Постојат безброј луѓе низ светот кои се безгласни и патат поради климатската криза. Климатската наука и вистината се замолчени и не се слуша гласот на оние кои патат. Ја сошив устата за да ја покажам оваа ужасна и насилна деструкција низ светот како последица на активностите на Мардок и симболично да ја обелоденам вистината“, вели Хејс.

Покрај него на протестот беше и свештеникот Марк Колман, кој достави писмо до уредникот за екологија на весникот Тајмс, чиј сопственик е Мардок, со барање да остварат средба и да разговараат за ситуацијата.

„Климатските науки ивистината се пригушени, оние што страдаат не се слушаат“, додаде Хејс.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!