Свештеник успеа да преживее удар од карпа тешка 3.600 килограми додека бил во хумана мисија

Пасторот Лук Барнет тргнал на планинарско пешачење со својата 20-годишна ќерка Анали Барнет на патеката во Аризона од 1287 километри позната како „Животна авантура“. Овој поход имал за цел да се соберат средства за Центарот за соништа во Колорадо, објект што им помага на оние што живеат во Аризона и Јута и кои имаат „генерациска историја на трговија со луѓе и експлоатација под маската на религијата“. За жал работите добиле шокантен пресврт.

Нивното патување започнало на 27-ми септември со тоа што таткото и ќерката планирале да ја поминат патеката за 40 дена, пешачејќи по 32 километри секој ден. Меѓутоа на околу 800 километри од нивната авантура се случила катастрофа. Огромна карпа се срушила и почнала да се тркала кон нив. Пасторот Лук успеал да ја турне Анали секунди пред карпата да удри во него.

Лук завршил со скршена подлактица, три од неговите ребра, неговата бедрената коска и колк. За среќа, снаодливата Анали била подготвена да го стабилизира нејзиниот татко користејќи ги своите вештини за прва помош, пред да повика служби за итни случаи на сателитски телефон.

Екипа на брзата помош пристигнала со хеликоптер и го пренеле Лук во болница. И покрај тоа што бил тешко повреден Лук инсистирал Анали да продолжи со походот и токму тоа ѝ го кажал додека го внесувале во хеликоптерот.

Одлучната Анали исто така успеала да собере стотици илјади долари за Центарот за соништа во Колорадо, со парите да им помогне на оние кои страдале поради трговија со луѓе и експлоатација.