„Светата“ пирамида изградена од заборавена цивилизација во амазонската прашума можеби е највисоката античка градба во светот?
Во срцето на Амазонската прашума, едно пирамидално возвишение по име Серо Ел Коно предизвикува мистерија и возбуда кај истражувачите. Сместен во националниот парк Сиера дел Дивисор во Перу, овој врв висок 399 метри се издигнува нагло од рамниот пејзаж, оставајќи впечаток дека можеби не е природна формација.
Иако научниците го сметаат за геолошка појава – можно е да се работи за згаснат вулкан или вулкански приклучок – некои локални легенди тврдат дека Серо Ел Коно е всушност пирамида изградена од древна цивилизација изгубена во времето. Површината на ридот има необично рамни страни, слично како Големата пирамида во Гиза, иако сега е целосно обрасната со вегетација.
За некој мистерија, за некој свето место
Локалните домородни племиња го почитуваат како свето место и го нарекуваат „Андеан Апу“ – дух заштитник на планината. Некои алтернативни истражувачи ги следат овие легенди и веруваат дека ако навистина е вештачка структура, Серо Ел Коно би бил највисоката древна пирамида некогаш изградена, со над трипати поголема височина од пирамидата во Гиза.
Во споредба, други древни структури како индонезискиот Гунунг Паданг (312 м) и потопената Јонагуни структура во Јапонија (само 27 м) се значително пониски.
Дел од некогашен вулкан?
Научните теории сепак остануваат претпазливи. Се претпоставува дека Серо Ел Коно може да е вулкански конус, вулкански приклучок или игнеусна интузија – формации создадени од зацврстена магма кои се појавиле на површината по милиони години ерозија.
Без разлика на потеклото, Серо Ел Коно е уникатен феномен. Неговата стрмна форма му овозможува да биде видлив од повеќе од 400 километри далечина.
Шо не почнат да ја откопуваат па да се увериме во убавината на пирамидата!
Како на пример шо се работе со Босанските пирамиди во близина на градот Високо, откриени од познатиот археолог и антрополог д-р Сци. Семир Османагиќ! Ридот Височица го нарекол босанска „Пирамида на сонцето“ (со висина од 220 метри, поголем е од Кеопсовата пирамида), а ридот Плешевица станал „Месечината пирамида“ (190 метри). Долината на пирамидите ги вклучува и 90-метарската „Змејска пирамида“ (Бучи), висините на „Храмот на Мајката Земја“ (Крстач) и „Пирамидата на љубовта“ (Чемерак).
Nema nikakva vrska so bosanski piramidi, pet pati sum bil tamu kako tim istrazuvaci nema blaze veze so piramidi vo bosna, samo e pronajdeno koski se pretpostavuva samo stari grobni si bile shto gi zakopuvale po planinite vo bosna toest bile peshteri, a ne piramidi nema nikakva vrska so piramidi.
Не беше лошо да ставеше некоја запирка, или точка, за да те разбереме што сакаш да кажеш. Овака ни треба “истражувачки тим” да го разбереме текстот.
Каде е вашиот видео материјал? Сигурно имате видео докази.
Коментирај анонимно