Светот на забеганата мода продолжува: Дали би платиле 680 евра за вакво нешто?

Има луѓе кои сакаат да се фалат дека носат познати марки, а има луѓе кои се замараат со истите такви луѓе и им завидуваат, но ретко кој ќе ви завидува доколку го купите новиот комбинезон на Ралф Лорен.

Модната куќа ги објави новите комбинезони кои се прекриени со боја и прилично изгледаат како нешто што вашиот татко го поседувал со децении. Синото едноделно парче облека е испрскано со боја и изгледа прилично излитено – совршено за молер кој е нов на работа, но сака да изгледа како да го прави тоа со години.

Но, и покрај тоа што комбинезоните изгледаат како да се изработени од тексас, всушност материјалот е јапонски памучен сатен што веројатно објаснува зошто чини 680 евра едно вакво парче.

И покрај тоа што материјалот што не е како што се очекуваше, остатокот од комбинезонот има карактеристики што би очекувале да ги најдете на традиционалните комбинезони, вклучувајќи целосен патент и многу џебови, вклучително и „џеб за алат“ на десната нога од костумот ( не дека би сакале да ставите остра алатка со голема тежина во јапонски памучен сатенски џеб).

Луѓето излегоа на Твитер за да ги искажат своите размислувања за скапото парче облека. Еден човек прашал: „Кој всушност ги купува овие сра*а“ и добил многу добар одговор: „Луѓе кои имаат повеќе пари отколку памет.“