Светски познатиот Сан Себастијан чизкејк на вашата трпеза – Еве како да го направите сами
Ако сте љубители на чизкејк, овој кремаст, мек и неодоливо вкусен десерт ќе ви стане омилен! Сан Себастијан чизкејкот потекнува од Баскија, Шпанија, и е познат по карактеристичната карамелизирана кора и богатата текстура што се топи во уста. Денес е хит низ целиот свет – од Истанбул до Њујорк – и често се сервира со разни преливи, овошје или чаша шампањ. Она што го прави посебен е неговата едноставна подготовка, а резултатот е вистинска гурманска магија!
✨ Совет: Сите состојки треба да бидат на собна температура пред подготовка за совршено мазна смеса.

Состојки:
- 500 гр маскарпоне
- 250 гр крем сирење
- 200 гр шеќер
- 2 ванили
- 4 јајца
- 300 мл слатка павлака
- 20 гр густин
Опрема:
- Тавче со пречник 22 см
- Хартија за печење (со висина на страните 10-12 см)
- Алуминиумска фолија (ако тавчето се расклопува)

Подготовка
- Обложете го тавчето со хартија за печење.
- Ако користите расклопливо тавче, од надвор обвиткајте го со алуминиумска фолија до половина од висината за да спречите истекување.
- Вклучете ја рерната на 200°C.
Мешање на смесата:
- Во длабок сад ставете маскарпоне, крем сирење, шеќер и ванила.
- Матете со миксер на најниска брзина (околу 1 минута).
- Додавајте ги јајцата едно по едно, кратко мешајќи по секое.
- Додадете ја слатката павлака и матете 3-4 минути.
- На крај додадете го густинот (пресејте го со сито) и промешајте кратко.

Печење
- Истурете ја смесата во тавчето и израмнете со силиконска мешалка.
- Печете на 200°C – 30 минути.
- Намалете на 175°C и печете уште 30 минути.

Ладење и стегање:
- Извадете го колачот (не го проверувајте со чепкалка – треба да биде мек).
- Оставете го 1 час на собна температура.
- Потоа ставете го во фрижидер најмалку 3 часа (најдобро преку ноќ).
- Извадете го од тавчето, отстранете ја хартијата и вратете го во фрижидер.

Сервирање:
Овој кремаст и богат колач традиционално се сече на 8 парчиња. Во Баскија се служи со чаша коњак, додека во Истанбул често додаваат преливи (карамел, чоколадо, овошје или ф’стак). Одлично оди и со чаша шампањ!
На здравје! 🥂
Извор: Магична ГАЛА кујна

Коментирај анонимно