Свидетелство полно двојки (виц)

Зоки Поки се враќа дома од училиште на последниот училишен ден и вели:
– Тато, тато, погледни го свидетелството.
Таткото фрла поглед на оценките, сите двојки, а физичко тројка:
– Како не ти е срам бе мајмуне! Наместо да се криеш, ти доаѓаш весел дома, па уште и ми мафташ пред очите со двојките. Се срамам од тебе!
– Зошто да се срамиш од мене? Јас го најдов ова на таванот. Ова е старо свидетелство, кога ти си бил четврто одделение.