Свиња насликала слика и заработила 20.000 фунти

Свињата со прекар Пигасо го зголемила семејниот буџет откако нејзиното последно уметничко дело било продадено за рекордни 20.000 фунти. На чудото од свиња Пигасо ѝ биле потребни неколку недели за да го создаде ова апсолутно неверојатно уметничко дело на платно.

Во рок од 72 часа од објавувањето на аукцијата, Германецот Петер Есер плати 20.000 фунти за делото, соборувајќи го претходниот рекорд во светот на животинска уметност, кој изнесувашпе 14.400 фунти.

Ова е само една од над 400-те слики на Пигасо откако сопственичката Џоан Лефсон ја спаси од кланица пред пет години.

Сопственичката изјави:
„Ова не е само визуелно впечатлива и убава слика – тоа е длабок момент за Пигасо и за животните на фармата. Не можете да го погледнете делото и да не им дадете поголемо значење на нивната интелигенција, индивидуалност и креативност“.

Двојката живее во долината Франшхук во Јужна Африка, а приходите од продажбата одат за заштита на животните.