„Свршен сум со 47 години постара жена и не можам да преболам колку е убава“
Сите сме ја слушнале изреката дека љубовта нема граници или не брои години, но сепак сите ќе се сложиме дека има некое непишано правило за разликата во години. А 47 години разлика се многу.
Кети Џенкинс (74) и Девон Обри (27) се свршени и планираат да се венчаат следната година, што ќе биде прв брак на оваа прапрабаба.
Запознајте ја двојката.

Кети Џенкинс сега е пензионирана и споделува: „Цел живот работев како келнерка во ресторани за брза храна за да ги издржувам моите деца“. Таа претходно била во неколку долги врски што резултирале со вкупно 4 деца, 13 внуци, 36 правнуци и еден праправнук.
Девон Обри работи како менаџер во магацин во Волмарт и портир за станови. И иако нема деца, тој претходно бил оженет на 24-годишна возраст со жена што ја познавал од училиште. Двојката се разделила во 2021 година, малку пред да ја запознае Џенкинс.
Како се запознале

Двајцата се запознале преку Интернет, како што објасни Обри, „Го прочитав нејзиниот профил и ѝ испратив порака со надеж дека ќе одговори, и таа беше онлајн и одговори.“
Потоа тој ја прашал жената за нејзиниот број, а парот разговарал 4 месеци онлајн пред всушност да се сретнат лично бидејќи живееле 2 часа оддалечени еден од друг.

Кога конечно успеал да ја види лично, 27-годишникот тврди дека веднаш бил привлечен од Џенкинс и забележал дека таа изгледа многу подобро отколку на нејзините фотографии. Тој, исто така, истакна дека таа „мириса навистина слатко и добро“.
Сепак, Обри бил нервозен што можеби нема да ѝ се допадне на Џенкинс затоа што таа претпочитала повисоки мажи (затоа што само тоа е тука проблемот). Тој се сеќава дека таа била изненадена од неговата висина и му рекла: „Ти си понизок отколку што мислев“.
Тие се совршен спој?

„Таа е толку совршена за мене и е многу искусна во животот и ме учи многу. Никогаш не се караме, секогаш можеме да зборуваме без да викаме и јас ѝ верувам целосно“. – рече Обри.

Тој исто така истакна дека неколку од главните работи што го привлекле кај Џенкинс биле нејзините шеги и нејзиниот изглед. Тој исто така го сака начинот на кој таа пее, како и песните што таа ги избира.
Не секој ја прифаќа нивната врска. Навистина чудно нели?

Двојката признава дека како пар може да се соочат со многу критики бидејќи нивната врска е надвор од нормата. Обри забележа дека некои луѓе дури претпоставуваат дека Џенкинс е богата и затоа е со неа, за што тој инсистира „воопшто не е така“.

Што се однесува до мајката на Обри, 27-годишникот вели дека ѝ кажал за својата романса откако почнал да излегува со Џенкинс. Тој објасни: „Таа мислеше дека се шегувам за нејзината возраст додека не ги поминавме нашите родендени заедно и ѝ ги покажавме нашите слики“.
Кога станува збор за децата и внуците на Џенкинс, тие најмногу ја поддржуваат оваа врска освен една од нејзините ќерки на која не ѝ се допаѓа фактот што Обри е веган. Во ред е што е толку помлад, ама веган ли најде бе мамо?
Ќе се венчаат.

Џенкинс и Обри планираат да градат заедничка иднина. Тие сега се свршени и ќе ја подигнат својата врска на ново ниво со венчавка следната година.

74-годишната невеста изјави: „Сакам само да го живееме остатокот од нашите животи заедно и да бидеме среќни“. А што се однесува до нејзиниот 27-годишен иден сопруг, тој истакна: „Сакам да ја покажувам мојата свршеница. Не можам да преболам колку е убава“.
И ние исто не можеме да преболиме…

Коментирај анонимно