Сѐ што треба да знаеме за новиот папа Лав XIV – првиот Американец на оваа функција што испишува историја

Епископот Роберт Превост влезе во историјата на 8 мај, кога беше прогласен за првиот Американец што станал папа.

Новиот поглавар на Католичката црква, кој ќе го носи името папа Лав XIV, има 69 години и е роден во Чикаго. Тој беше избран за наследник на папа Франциско по дводневна конклава, а беше јавно претставен веднаш по појавувањето на белиот чад од Систинската капела.

Папа Франциско почина кон крајот на април по неколку месеци сериозни здравствени проблеми. По деновите на жалост и погребната церемонија, кардиналите брзо ја донесоа одлуката за нов папа.

Иако не се сметаше за фаворит, Превост ја доби поддршката на кардиналите и честитки од претседателот на САД, Доналд Трамп, веднаш по изборот.

 

Сѐ што треба да знаеме за новиот папа Лав XIV - првиот Американец на оваа функција што испишува историја

Кратка биографија

Превост е роден во 1955 година, а има шпанско, француско и италијанско потекло. Своите монашки завети ги дал во 1981 година, а младоста ја поминал како мисионер во Перу. Во 2001 година бил назначен за генерален приор на Августинскиот ред и на таа функција останал до 2013 година. Следната година, по повик од папа Франциско, се вратил во Перу како апостолски администратор на бискупијата Чиклајо, а во 2015 година бил именуван за нејзин епископ. Во 2023 година, Франциско го назначи за префект на Дикастериумот за епископи, еден од највлијателните органи во Ватикан, а истата година го возвиши во кардиналски чин.

И покрај резервите кај некои кардинали за избор на папа од светска сила како САД, неговото искуство во Перу и европското потекло очигледно одиграле важна улога во изборот.

 

Кратка биографија

Што може да се очекува од папа Лав XIV?

Се верува дека тој ќе го продолжи курсот на својот претходник. Превост е познат по својата посветеност на екологијата, сиромашните и мигрантите, како и по ставот дека црковните лидери треба да бидат блиску до народот. Тој изјавил: „Епископот не треба да биде мал принц во своето кралство.“

Го поддржал отворањето кон разведени и повторно граѓански венчани верници, кои според новата пасторална пракса можат да примаат Причест. Сепак, за разлика од папа

Франциско, Превост покажува поумерен пристап кон ЛГБТ заедницата, иако изразил поддршка за документот Fiducia Supplicans, кој дозволува благословување на парови што не се венчани според црковното учење, вклучително и истополови парови.

 

  • Жарко Г. напиша:

    Ако на папата Лео XIV си зедовте за право да му го преименувате и да му го преведите името во ЛАВ XIV, дали тоа значи дека и на политичарот Дик Чејни името ќе му го смените во КУР ЧЕЈНИ !!!???
    Многу ме интересира да ви кажам право.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *