Таа беше нечија омилена девојка од филмовите за возрасни, а денес рипна во тавче со жена! Џена Џејмисон се омажи со својата девојка за која вели дека е нејзината сродна душа

49-годишната поранешна ѕвезда од филмовите за возрасни и нејзината партнерка Џеси (40), го кажаа судбоносното „да” во мала црква во Лас Вегас, објави „People”.

 

„Ја најдов личноста со која навистина требаше отсекогаш да бидам“, изјави Џена за медиумот.
Џена откри дека капелата била истата во која се венчале нејзините родители. Таа одеше по патеката со песната „Ring of Fire” од Џони Кеш со таткото на Џеси – откако почина таткото на Џена.

Тие користеле имитатор на Џони Кеш наместо Елвис Присли и изнајмиле неонско зелено Ламборџини за тој ден.

Таа, исто така, планира законски да го смени презимето во Џеси, додавајќи дека во иднина ќе имаат поголема свадба.

Џена и Џеси првпат се запознале преку „TikTok”.
Џена, која има три деца, ја пронашла страницата на Џеси на „TikTok” и почнала да ги коментира нејзините објави затоа што ја сакала.

„Значи, почнав масовно да ѝ коментирам, обидувајќи се да ѝ го привлечам вниманието, и се чинеше дека успеа“.

Џеси има над 1,5 милиони следбеници на „TikTok”. Таа се опишува себеси како бербер, поранешен уметник на платформа за „Oster Professional” и претприемач.

Меѓутоа, Џеси во тоа време имала девојка и не ја бркала Џена поради нејзиниот „морален компас“. Откако завршила врската на Џеси со нејзината девојка, таа одговорила на коментарите на Џена.

Тие почнаа да се забавуваат во јануари 2023 година. Во април 2023 година, Џеси ја запроси Џена во нивната спална соба.

 

  • Дарко Мицески напиша:

    Домаќинка со прст покажана 🤣🤣🤣🤣

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *