Таа има 13 бебиња- ИГРАЧКИ, кои ги чува како вистински деца: „Чувањето на куклите ќе ми помогне да се подготвам за реалното родителство!“
Пар кој се сметаат себеси за мајка и татко на 13 лажни бебиња верува дека тоа ќе ги подготви за виситнско родителство.
Џес Елис (27) од Плаистоу, Источен Лондон, почнала да собира реалистични кукли налик доенчиња – во мај 2020 година, откако се чувствувала „осамено“ за време на пандемијата и наишла на нив на интернет.
Таа ја купила својата прва кукла, Ребека, едномесечно девојче, за 300 евра за да и прави друштво и потоа станала опседната да го порасне своето потомство.
Следуваше Сем, новороденче, за за 600 евра во ноември 2020 година – потоа, Бруклин, осуммесечен и Мануела, Заин, Стара, Лили, Аналез, Арија, Куки, која е предвремено родена, Чарли, Пипа и Џун.
Севкупно, Џес потрошила околу 8000 евра за да ја купи нејзината колекција од 13-члена – а нејзиното најскапо новороденче, чинел 1800 евра.
Џес вели дека нејзиниот вереник, Ејвери Расен (33), „неверојатно ја поддржува“ нејзината страст, па дури и помага да се облечат „бебињата“ и да им се сменат пелените.
Парот еден ден би сакал вистинско дете, но сега за сега куклите ги подготвуваат за родителство.
Џес вели: „Отсекогаш сум сакала бебиња – има нешто многу смирувачко во држењето бебе. Имавме неколку бебиња во моето семејство – имам кума и тоа отсекогаш ми беше омилена фаза кога некој имаше бебе – да можеш да држиш мало бебе е навистина посебно. На некој начин тие помагаат да се подготвите да бидете родител“.
„Мојот вереник никогаш не сменил пелена ниту држел бебе додека не го запознав со куклите и затоа го натерав да му смени пелени на едно од нив, што дефинитивно му ја зголеми самодовербата за пресоблекување и држење вистинско бебе. Исто така, препознавам дека ова не се вистински бебиња и често ги оставам на места каде што дефинитивно не треба да оставите вистинско бебе – како маса или софа“.
За време на пандемијата, Џес се заразила со „Ковид“, а носењето на куклите на прошетка низ локалниот парк и помогнала да излезе надвор.
Коментирај анонимно