Тајланѓанка се омажи за двајца повозрасни Австриски мажи — секој ѝ плати по 28.000 евра мираз

Во еден невиден и вознемирувачки настан, двајца пријатели од Виена, Роман (67) и Маки (56), се оженија со истата жена, Дујдуан Кетсаро (37), во живописна и бурна свадбена церемонија во селскиот дел на провинцијата Бурирам, Тајланд. Додека законот во Тајланд признава само моногамни бракови, оваа уникатна свадба го збуни и шокираше целото село.

Тајландка се омажи за двајца повозрасни Австриски мажи — секој ѝ плати по 28.000 евра за да ја добие!

Секој младоженец ѝ даде по 28.000 евра мираз и златен накит на невестата Дујдуан

На церемонијата, локалните жители ѝ честитаа на многу среќната Дујдуан, која носеше традиционална тајландска венчаница со ленти од банкноти околу рацете, откако прими по еден милион бат (околу 28.000 евра) мираз и од двата нејзини мажи, покрај скапоцениот златен накит. Роман и Маки ја преплавија со бакнежи.

Секој младоженец ѝ даде по 28.000 евра мираз и златен накит на невестата Дујдуан

Дујдуан за трогателниот пат до новиот семеен живот: „Работев во Патаја, додека не го запознав Роман“

Мајката на три деца и поранешна пејачка, Дујдуан, призна дека се разделила од својот тајландски сопруг поради финансиски проблеми, па потоа работела во Патаја — град познат по старите секс туристи. Таа вели: „Беше многу тешко, но продолжив додека не го запознав Роман, кој тогаш дојде како турист во Патаја. Живеевме заедно пет години и сега тој е пензиониран полицаец. Подоцна, неговиот пријател Маки дојде во Тајланд и тој исто така се заљуби во мене. Двајцата се од Виена. Никогаш не сме се карале заради нашата врска. Сите расправии се само за мали работи – како и кај другите парови.“

Роман го прифатил љубовниот триаголник за да не ја уништи долгогодишната пријателска врска со Маки

Роман вели дека бил свесен за чувствата на својот пријател и, за да не ја загуби оваа длабока дружба поради жена, одлучил заедно да ја делат Дујдуан. Така, тројцата продолжиле со уникатната поставеност една година, додека не го добиле благословот од семејството на Дујдуан за венчавка.

Мајката на Дујдуан: „Најважно е ќерка ми да биде среќна, а миразот не е битен“

Мајката на Дјудуан, Гуанг (61), се израдува што конечно и ќерка ѝ нашла поддржувачки и финансиски сигурни партнери. Таа изјави: „Двајцата зетовци добро се грижат за неа и за семејството. Ако некој не го прифаќа ова, тоа е нивно. Најважно е што е среќна и ги издржува децата и внуците — тоа ми е сосема доволно. Миразот не е битен. Сакам само да живеат со љубов и разбирање. Тоа е се што посакувам.“

Градоначалникот: „Ова е прва ваква свадба во провинцијата – нека нивната љубов стане легенда“

Тиенеу Луангдечанурак, градоначалник на Салаенгтон, изјави дека бил на многу свадби, но никогаш досега не видел жена да се омажи за двајца мажи одеднаш. „Ова можеби е првпат ваква свадба да се случи во провинцијата. Им честитам на невестата и младоженците! Нека нивната љубов трае долго и нека стане легенда.“

Тајланд ја укина полигамијата уште во 1935, но неформални врски со повеќе партнери и понатаму постојат

Полигамијата била призната според тајландскиот граѓански закон до 1935 година, кога практиката била укината. Денешниот закон признава само едeн сопружник, иако неформални тројни врски, како оваа, уште се случуваат во општеството.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *