Тајна подземна метропола вредна 21 трилион долари? Поранешна американска функционерка тврди дека САД се подготвени за глобална катастрофа
Поранешната американска државна службеничка Кетрин Остин Фиц тврди дека Владата на САД тајно изградиле подземен град вреден 21 трилион долари, подготвен за сценарија на глобална катастрофа. Оваа сензационална изјава таа ја даде во подкастот на Тaкер Карлсон, каде наведе дека огромни средства биле потрошени без одобрение помеѓу 1998 и 2017 година, што го документирал економистот Марк Скидмор од Универзитетот во Мичиген.
Фиц, која беше Заменик секретар за домување во администрацијата на Џорџ Х. В. Буш, тврди дека анализите покажуваат 170 подземни бази и комплексна инфраструктура изградена ширум САД, делумно и под океаните. Според неа, тие се наменети за „настани на речиси истребување“ или за извршување на строго доверливи владини проекти, како тајни вселенски програми.
„Но, ова не е ништо ново“
Таа посочува и дека ваквите изградби не се нови – во 2010 или 2012 година The Washington Post објави истражување насловено „Top Secret America“, кое документирало голем број тајни владини објекти, многу од нив изградени по донесувањето на Патриотскиот акт.

Иако не може прецизно да ги лоцира сите бази, Фиц е уверена дека тие постојат и се дел од долгорочна стратегија на САД за преживување во случаи на глобален конфликт, како што е можна трета светска војна, имајќи ги предвид актуелните геополитички тензии меѓу Русија и Украина, Кина и САД, како и конфликтот на Блискиот Исток.
Коментирај анонимно