Тајната на Деми Мур е откриена! Еве како холивудската ѕвезда постојано „му бега на стареењето“
Холивудската легенда Деми Мур, иако има 61 година, изгледа како да „му бега на стареењето“, а еден од врвните козметички доктори во Велика Британија мисли дека знае зошто. Деми, позната по улогите во филмовите „Ghost“ и „Charlie’s Angels“, сега толкува улога на лик кој се соочува со општествениот притисок за младешки изглед во новиот филм „The Substance“.
Доктор Џони Бетеридж од „JB Aesthetics“ ја спореди нејзината појава од 2019 година со фотографиите од годинава и забележува значителна трансформација. Според него, новиот подмладен изглед на нејзиното лице и вратот укажува на „длабок лифтинг“, а мазната кожа околу очите е можеби резултат на блефаропластика – постапка за отстранување на вишок кожа и маснотии од очните капаци. Во видео на „Instagram“, д-р Бетеридж истакнува дискретна хируршка лузна покрај ушите, што обично е показател за фејслифтинг.
Покрај него, пластичниот хирург Марк Соломос од шоуто „10 Years Younger“ објаснува дека Мур веројатно направила и мали естетски корекции низ годините, истакнувајќи ја нејзината „неверојатна структура на коски“.
Според него, таа можеби користела ботокс и други третмани за да ги измазни брчките и да го намали растојанието помеѓу носот и горната усна, со што се добива младешки изглед.
Коментирај анонимно