Тајната на долговечноста во Македонија (виц)
Група ученици отишле на излет во планина. Штајќи дошле до една осамена колиба. На прагот седел еден старец. Учителката љубезно го поздравила:
– Добар ден дедо. Тука ли живеете на чист воздух?
– Да госпоѓо – одговорил дедото.
Учителката продолжила со прашањата:
– А колку години имате?
– 99.
– 99 години? И сигурно не пиете алкохол?
– Ни капка не пивнувам.
Учителката се свртела кон децата со мудар изглед на лицето:
– Каков е заклучокот драги ученици? Кој не пие алкохол – доживува длабока старост.
Во тој момент од блиската шумичка се слуша страшно рикање. Децата пребледеле како крпа и почнале да пискаат, а старецот се насмеал и им рекол:
– Не плашете се мили деца, тоа се глупостите на дедо ми! Кога ќе испие едно шише рекија, мисли дека е мечка.
Коментирај анонимно