Премини на МотикаX

Тајната на езерото Фалкон: Случајот на Стив Михаалак и мистериозното НЛО

Меѓу бројните извештаи за наводни средби со вонземјани, инцидентот кај езерото Фалкон се издвојува како еден од најконтроверзните и најзагадочните. Според познатиот британски уфолог Џон Нотингхол, ако настанот навистина се случил, тогаш по важност го надминува поголемиот дел од досега познатите случаи. Медицинските анализи и минералните примероци собрани на самото место од стручни лица ја потврдуваат автентичноста на настанот.

На 20 мај 1967 година, Стив Михалак, геолог, заминал на планинарење крај езерото Фалкон, близу Винипег, Канада. Таму забележал две летала со црвено сјаење кои се приближувале по воздух. Едното од нив слетало на земја и се трансформирало во класична „летечка чинија“. Михалак, мислејќи дека станува збор за воен авион, се приближил до објектот и забележал дека тој нема мотор, крилја, ниту шасија.

 

Тајната на езерото Фалкон: Случајот на Стив Михаалак и мистериозното НЛО

Необјаснив објект, чудни гласови и изгореници: Што навистина се случи во мај 1967?

Кога се доближил до светлечкиот отвор на леталото, слушнал непознати гласови. Се обидел да им се обрати на неколку јазици, но безуспешно. Влегол внатре, но леталото изгледало празно. Во тој момент вратата се затворила, а Михалак почувствувал силен топлотен удар и добил изгореници на градите.

Иако раните биле површни, симптомите што следеле биле чудни: екстремно слабеење, непостојани алергиски реакции и воспаленија, нагли отекувања, повторна појава на кожни промени. Лекарите не можеле да постават јасна дијагноза. Тестовите за радијација биле контрадикторни – во некои проби била откриена зголемена радиоактивност, вклучително и присуство на радиум-226, како и метални честички со висока содржина на сребро.

 

Необјаснив објект, чудни гласови и изгореници: Што навистина се случи во мај 1967?

Радијација, медицински аномалии и државни анализи

Официјалната верзија на канадските власти била дека Михалак сам транспортирал радиоактивни материи, а приказната за НЛО ја измислил за да ги прикрие последиците од радијацијата. Сепак, бројни детали, вклучувајќи ги и физичките докази и сведоштвата на медицинските тимови, оставаат простор за сомнеж. За многумина, случајот останува едно од најверодостојните и најзагадочни сведоштва за можна средба со вонземска технологија.

 

  • Васе напиша:

    Се согласувам со официјалната верзија на канадските власти.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *